Лоши навики од канцеларија на кои треба веднаш да им ставите крај!

14 февруари 2014

Знаеме дека сте многу зафатени и се чувствувате како „заковани“ зад бирото, но тоа не е изговор за лошите навики што ги имате. Ние веруваме дека ќе се пронајдете барем во една, а со тоа мислиме истата веднаш да ја искорените. Познатиот американски дерматолог Ховард Собел ги прикажува последиците од вашите лоши навики на работа.

1.Часовите поминати пред компјутер знаат да бидат навистина тешки. Веруваме дека постојано ви се случува да го допирате лицето или да ја потпирате брадата на рацете сакајќи да се одморите. Докторот Собел вели дека на тој начин, лицето во себе ги собира страшните бактерии со кои ви се полни рацете во текот на целиот ден. Доколку сакате сјајно и чисто лице, задолжително престанете со оваа навика.

2.Доколку пак имате фобија од нечистотиите и бактериите на вашето биро и компјутер и ги миете рацете со сапун неколку пати на ден, докторот Собел вели дека на тој начин само ќе ги уништите природните масла содржани во вашата кожа и ќе предизвикате сушење на кожата и појава на брчки. Тој советува да имате антибактериски гел во вашата фиока, но никако да не претерувате и со тој.

3.Веруваме дека веќе знаете дека вашиот смартфон има повеќе бактерии од тоалетот! Грозно, нели? Пред да го употребите, без разлика дали мобилниот или пак статичниот телефон во вашата канцеларија, задолжително дезинфицирајте го. Создадете си навика секој ден да ги бришете телефоните со марамчиња за дезинфекција пред да телефонирате.

4.Веруваме дека го правите тоа во овој момент! Престанете да ги прекрстувате нозете! Иако сите знаеме дека прекрстените нозе се одлика на вистинските дами, доктор Собел вели дека таквото седење може да предизвика згрутчување на крвта во вените и секако, голема болка. За да не се случи тоа, седете со стопалата рамно поставени на подот.

5.Доколку седите под климата во вашата канцеларија, веднаш променете го местото. Климата или апаратите за греење во ваша близина, ќе направат кожата целосно да ви се исуши, а во текот на зимата, тоа е последната работа што ја посакуваме.

6.Сите ние минуваме многу часови седејќи пред компјутерот. Веруваме дека веќе знаете колку лошо ова влијае на вашето здравје, но никако да најдете време за еден час во фитнес центарот. Доколку навистина сте спречени да вежбате, задолжително секој ден обидете се да пешачите барем малку за да ги размрдате сите мускули и ‘рбетот во кои може да ви се појави хронична болка.

7.Кога сте пред компјутерот, запомнете дека мониторот е секогаш флексибилен. Докторот Собел советува истиот да го прилагодите на вашите очи и никогаш, ама никогаш да немате отворено повеќе од едно прозорче за да можете подобро да се фокусирате со окото и да не морате постепено да се приближувате и со тоа да го оптоварите и вратот.

Објавено:
14 февруари 2014
Категорија: 
Убавина