Луј Витон, Живанши, Диор во своите козметички лаборатории ќе произведуваат бесплатни средства за дезинфекција

17 март 2020

Луксузниот конгломерат LVMH во чија структура се и брендовите Луј Витон, Живанши и Диор, во своите козметички лаборатории ќе произведуваат бесплатни средства за дезинфекција.

Тие ќе ги искористат своите ресурси со цел да им помогнат на француските здравствени власти во справувањето со коронавирусот, со тоа што ќе им донираат големи количини гелови за дезинфекција.
Како што соопштуваат официјални лица од конгломератот, три од нивните фабрики за производство на парфеми (меѓу кои и лините на Герлан, Диор и Живанши), ќе бидат пренасочени за производство на гел за дезинфекција.

Getty Images

Форбс пренесува дека првата испорака ќе биде реализирана денеска, а се очекува да бидат произведени околу 12 тони гел за дезинфекција.

Откако започна глобалната криза со коронавирусот, светот се соочува со дефицит на средства за дезинфекција.

Извор: Vogue.com

Објавено:
17 март 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.009 пати