Lush ги има совршените производи со кои ќе ја вратите косата во топ форма

10 август 2020

На секоја коса и е потребна различна нега и различен третман. Лето и зима се најагресивни сезони, со кои косата секогаш води жестока битка со цел да ја задржи мекоста, сјајот и целокупниот здрав изглед. Длабоко потхранување е најдоброто нешто што можете да го направите за здрава коса. Честата употреба на фен/пегла е една од причините за наглото влошување на состојбата на косата. Таа станува сува, а влакното губи се повеќе од природниот сјај.  Најверојатно како и повеќето жени сте имале периоди кога сте имале потреба за екстремна промена во стајлингот на косата, како осветлување, бојадисување, бланширање и други хемиски и физички третирања, но не заборавајте да вложите и два пати повеќе во производите коишто ги користите за нега на косата.

Lush ви нуди огромен избор на производи за нега на коса, секој посебно направен во зависност од потребата на вашата коса.

Шампони за мека, сјајна и до перфекција чиста коса


Big-Шампон со мнооогу морска сол

Шампон полн со волумен направен од морски алги и морска сол. Солта ја подигнува косата од коренот и дава добра структура, но и ја омекнува во комбинација со екстра девственото кокосово масло и морски алги полни протеини. Лимонот и зелениот лимон ќе дадат сјај бидејќи ги израмнуваат кутикулите на самото влакно - па така рефлектираат повеќе светлина. Нанеси мала количина на влажна коса и истриј добро до совршена пена.


Cynthia Sylvia Stout-Шампон со пиво

Деликатен шампон полн пиво, оцет и сок од лимон за неверојатен сјај. Традицијата вели дека сокот од лимон и пивото се одлични за косата, па не штедевме на овие состојки. Сокот од лимон е луд чистач, а пивото е богато со протеини кои ја обликуваат структурата на косата и даваат цврстина.

Wasabi Shan Kui-Шампон за поттикнување на растот на косата

Овој стимулирачки шампон со васаби ќе се посвети на фоликулите и ќе поттикне раст. Комбинација од свеж рен, кофеин во прав и кристали од ментол ќе загреат како што го масираш на скалпот. Освежувачкиот мирис на рози, сладок портокал и сицилијански лимон ќе те расположат. Рачно набраната сол, епсом сол и декокција од васаби ќе ја зајакнат косата и ќе спречат кршење, а ќе ја остават мека и сјајна.


Регенератори - Нека секој ден биде ден за здрава и сјајна коса

Candy Rain– Макадамија и бразилски орев за свилена коса

Ако сакаш незаборавно мека коса, тогаш оваа мешавина од тонка и какао е твојот спас - благодарение на хидратантните млека од кокос, индиски орев и макадамиа орев заедно со многу дождовна вода од Дорсет. Да, навистина има дождовна вода која ја собравме од Lush Greenhub и таа ја измазнува косата бидејќи не содржи минерали кои го подигнуваат праменот. Додадовме регенерирачка мешавина од масла од макадамија и бразилски ореви, па така овој вистински дожд од марципан ќе ти ја овозможи свилената коса која отсекогаш ја посакуваш.


American Cream – Заводлив мирис на јагоди и милкшејк

Овој регенератор се грижи твојата коса да блесне како на холивудските ѕвезди. Впушти се во овој богат и феноменално миризлив регенератор за коса кој дава сјај и неодоливи слатки прамени кои блескаат каде и да си. Свежите јагоди нежно ја чистат косата додека мала доза сок од портокал ги израмнува кутикулите и овозможува да рефлектираат поеќе светлина за лудо добар сјај. Релаксирачки жалфија и лаванда ќе обрнат внимание на скалпот, смирувајќи го заедно со медова вода.

Retread – Тројно јак регенератор

Retread е тројно јак регенератор кој и подарува нов живот на тажната, неуредна и исушена коса. Направен од свежи дињи, авокадо, млеко од соја и јогурт со намера на вашата коса да и ги обезбеди природните витамини и протеини наместо сомнителните синтетички замени. Retread навистина ќе и го врати здравјето и среќата на оштетената коса. Најдобар е во комбинација со Rehab шампонот за коса.


Третмани за коса

Нашата колекција од третмани за скалп и коса, е рецептот за коса во тип-топ форма!

H'Suan Wen Hua

Инфузијата од свеж ловоров лист и поточарка ги стимулираат корените и го смируваат скалпот, а органското екстра девствено маслиново масло зајакнува. Водата од наут е полна со протеини, како и свежите органски фер тргувани банани и тие заштитуваат и даваат интензивна регенерација. Зачинското масло од лист од цимет го поттикнува здравиот раст на коса, а антимикробното масло од рузмарин ќе го освежи скалпот. Нанеси го на сува коса и нанеси доообар слој. Остави го да отстои 20 минути и потоа исплакни, измиј со шампон и нанеси регенератор.

Marilyn

Било да сте природна или фарбана русокоса, Маrilyn ќе ви ја осветли, омекне, а истовремено ќе ѝ даде сјај на косата. Камилицата е тоа магично масло од кое се состои маската. Не прави чуда преку ноќ, но ако бидете упорни ви гарантираме дека косата ќе ви осветли. И додадовме и омекнувачко ленено семе, шафран и лимон, како и маслиново масло за еластичност. 20 минути под ова пакување, сламената коса ќе ја претвори во свила.

Roots – третман за скалп

Наменета е за сите оние на кои им е потребно будење на скалпот и ревитализација на влакното до самиот врв. Ги размрдува корените, го зајакнува влакното и дава неверојатен сјај. На потенка коса ќе и даде волумен.
Содржи: свежа инфузија од минт која ќе ги стимулира фоликулите и ќе ја заштити косата од опаѓање, апсолут од коприва го стимулира и го негува скалпот, мед за да ја омекне косата и да и даде тежина, ладно цедено маслиново масло за хидратација, зајакнување и сјај, парфем од масло од сладок портокал, масло од нероли и апсолут од коприва - ке го измазни скалпот и ке го подобри сјајот на косата. Се нанесува на сува коса. Убаво се масира скалпот и се остава да делува 20 минути.

 

*комерцијална објава

Објавено:
10 август 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
474 пати
Тагови: 
Lush коса нега