Lush советува: Како да го одберете вистинскиот производ за лице?

20 август 2020

„Секогаш сме ги советувале нашите клиенти да ги слушаат потребите на нивната кожа и да одберат вистински производи што им одговараат во моментот“, велат од Lush Macedonia.

Кожата подлежи на промени од ден на ден, дури од недела во недела, а особено кога преминуваме од една сезона во друга. Имајќи го токму овој преоден период од годината, тие ја претставуваат колекцијата на производи „без пакување“ или т.н. naked производи, кои се своршени за нега на вашето лице.

Воедно, ги имаат вистинските совети за тоа како да го одберете вистинскиот.

Прочитајте:

СМИРЕТЕ ГО ЛИЦЕТО, А И УМОТ

Sleepy Face

Состојките како камилица, лаванда и овесно млеко ви нудат олеснување и смирување кога имате било какви иритации или црвенила. 

Честопати, кожата која е иритирана не сака пилинг или било каква ексфолијација, така што Naked чистач како што е Sleepy Face е совршен избор за да ја исчистите и избалансирате кожата на лицето.

Кога кожата си ја чувствувате изморена вратете ја во живот со Light Touch-Naked маслото за лице. Содржи се што ви е потребно како масло од јојоба кое ќе даде доволно влажност и хидратација, како и тонирање поради карактеристики кои ги носи дивиот лешник и антиоксидантната сина спирулина која што ја заштитува кожата од сите надворешни атмосферски влијанија. 

Light Touch

 

ДЛАБИНСКИ ИСЧИСТЕТЕ

Ако чуствувате потреба за нежно чистење што ја осветлува и ја тонира вашата кожа, време е да го пробате Baby's Bum. Тоа ви дава сè, сè што може еден чистач да направи за кожата да биде чиста и здрава. Вашата кожа ќе биде еластична и мека поради овој навлажнувачки спој на фер тргуван органски какао путер и екстра девствено кокосово масло. Исто така содржи и масло од невен кое е познато по своите антимикробни и антиоксидантни својства, а кога се комбинира со масло од тангерина помага вашата кожа да заблеска.

baby's bum

Ако го сакате тоа супер чувство на свежина тогаш чајното дрво, минт и прочистувачки глини се она што ви треба.

Jade Roller-Овој балзам за чистење на лице без пакување ќе ви ја заврши цела работа. Чисти, тонира и прави масажа. На едната страна ставивме мунго гравчиња за масажа која поттикнува циркулација како дел од секојдневната рутина за нега на лице. Основата ја направивме од масло од марула, традиционален чистач познат во Јужна Африка по своето еластифицирање на кожа, а го искомбиниравме со масло од див лешник кое ќе ги затегне порите и стимулирачки пеперминт за максимално освежување. 

Jade roller

Доколку сакате антивоспалително и смирувачко, но сепак длабинско чистење пробајте го Tea Totaler, Naked чистач за лице кој има  антибактериски состојки, вклучувајќи чајно дрво, жалфија и рузмарин. Исто така има и рицинусово масло кое ја одржува вашата кожа среќна и здрава.

tea totaler

Потоа, нанесете Amazon Primer-Naked масло за лице кој  омекнува, мурумуру путерот ќе даде точна доза хидратација, а смирувачкото масло од андироба ќе дополни со своите хидратантни својства. 

Amazon Primer


ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ЗДРАВА КОЖА КОЈА ИМА ПРИРОДЕН СЈАЈ

Полирање, пилинг и омекната кожа со Gritty Politti-Naked чистач за лице. Содржи мелена кора од кокос, кокосово масло и кокум путер. Отстранете ги мртвите клетки за да изгледа вашата кожа свежа и одморена, без темни кругови.

Gritty Politti

Потоа нанесете Argan-Naked масло за лице, полно со хидратантно и подмладувачко арганово масло како и лимон за да ви даде светол и изедначен тен.

 Argan


КАКО ДА ЈА ХИДРИРАТЕ КОЖАТА?

Like A Virgin-Naked крем за чистење лице кој отстранува шминка, прочистува, тонира и хидрира. Полн со органско ладно цедено маслиново масло и масло од јојоба измешани со канделила восок и восок од сончоглед поради прочистувачките и хидрирачките ефекти.

Like a Virgin

Потоа завршете со Banana Skin-Naked масло за лице за да добиете неодоливо мека кожа секогаш започнува со кремасти свежи банани и хидрирачки путер од манго со малку брашно од тапиока за свиленкасто меко чувство.

Banana Skin

 

Одлична палета производи, за уште подобар квалитет и изглед на кожата!

 

*комерцијален текст

Објавено:
20 август 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
595 пати