MAC Studio Sculpt ја лансираше целата колекција за оваа есен

21 август 2014

Неверојатната есенска колекција на MAC Studio Sculpt конечно е во комплетен состав и ги нуди сите неопходни производи за да го добиете вашиот идеален есенски изглед, кој пред се ќе ја нагласи  природната убавина.

Станува збор за три нови производи кои се одликуваат со иновативни формули за очи и лице. Производите се така дизајнирани за да обезбедат достоен и одличен финиш,  но и изглед целосно во духот на мачкиниот поглед. Неколкуте нијанси на пудра во прав ќе и дадат на кожата свиленкаст и мазен изглед, маскарата дополнително ќе ги зголеми трепките и ќе го фокусира погледот, а четката за нанесување на пудрата изработена од природни влакна како и одличната структура на дизајнот,  ќе ви ги олесни последните чекори на патот до фиксирање на  шминката.

На пролет  како дел од колекцијата на MAC Studio Sculpt беа лансирани сенки за очи во неколку свежи нијанси и две мали четки за успешно нагласување на очните капаци. Комплетирајте ја целата MAC колекција и набавете си ги новите производи кои обезбедуваат висока покриеност и фантастичен изглед со кој ќе заблескате и ќе заведувате.

 

Објавено:
21 август 2014
Категорија: 
Убавина