Магични шумливи купки од Lush? Може!

10 септември 2020

Во 1989 година, основачот на LUSH, Мо Константин ја измисли оригиналната бомба за капење. Едноставна, нежна мешавина од убави состојки внимателно одбрани од сите страни на светот и ја претвори бањата во забавен, смирувачки рај.

Нашите повеќе-слојни шумливи купки овозможуваат прекрасно шумење во водата, но бидејки брзо (или полека во некои случаи)  се топат, испуштаат огромни спектри на боја, путери, масла, цветни ливчиња и многу повеќе за искуство во када како никогаш досега!

Како да изберете само една? Можеби ние можеме да ви помогнеме.

#BathArt

Без оглед која купка ќе ја изберете, ќе излезете од кадата чувствувајќи опуштеност, мирисајќи пријатно и со толку мека, неодолива кожа. Одберете ја вистинската шумлива купка за вас.

Кога ќе ги ставите во када ќе гледате како слој по слој се менуваат боите, заедно со меурчиња, светки...

Intergalactic

INTERGALACTIC презентира прекрасно ноќно небо исполнето со блескави sвезди, додека GROOVY KIND OF LOVE ја бои вашата бања во секоја боја на виножитото!  Или, тука е MELUSINE со прекрасни светли бои и цитрусен мирис кој го подигнува расположението. Ќе ја хидрира вашата кожа давајќи и витамини од морето.

Groovy Kind of Love

Melusine

 

#Супер смирувачки

Кога Мо за прв пат започнал со своето патување на пронаоѓање купки за во бања, целта била да создаде нежни производи што ќе бидат одлични за луѓе со чувствителна кожа, вклучувајќи ги и децата. BUTTERBALL и HONEY I WASHED THE KIDS се доволно нежни за да ја смират чувствителната, сува или груба кожа, и да направат да се чувствува мазна, мека и безбедна од иритации.

Butterball

 

#Пред спиење

Традиционално, бањите се добар ритуал пред спиење за активни деца или за возрасни кои се под стрес. Фрлете ROCKET SCIENCE или TWILIGHT во вашата када и тие ќе ви помогнат да се опуштите, смирувајќи ги и умот и телото. Ова е еден од најнежните и најрелаксирачки начини да се смирите навечер и да бидете подготвени за во земјата на соништата во многу кратко време.

Rocket Science

Twilight

#Најдобри мириси

Не сте сигурни од каде да започнете? Имаме неколку омилени купки кои сигурно ќе ве задоволат! Можеби тоа е сензуалниот, заводлив мирис на јасмин на SEX BOMB што ве релаксира и подготвува за уживање? Доколку сакате нешто поблаго но во исто време и освежително пробајте ја  CHOCOMINT, десерт на кој никој не може да му одолее. Фер тргуваниот какао путер веднаш се растопува и ја омекнува вашата кожа додека маслото од спеарминт ќе ви открие мирис инспириран од сладолед во кој ќе сакате да се бањате повторно... и повторно.

Sex Bomb

 

Chocomint

За сите љубители на препознатливиот мирис на LUSH, тука е DIRTY! Ситната морска сол делува омекнувачки и антимикробно на кожата а маслото од естрагон поседува мирис кој помага да останете смирени и позитивни.

Dirty

И за сите божици, имаме совршена шумлива купка, GODDESS. Драгоцени состојки и божествен мирис! Абсолут од јасмин ве заведува во виолетови и сребрени води, а темнината од агар дрво и богатото сандалово дрво ќе ве задржат во кадата само уште мааалку.

Goddess

 

*комерцијална објава

Објавено:
10 септември 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
150 пати