Маникирот може да биде штетен по вашето здравје!

2 јуни 2014

Во неколку наврати експертите кои работат во козметичката индустрија се огласија против штетноста и ризикот по здравјето што ја предизвикуваат штетните УВ зраци додека ги „печете“ вашите нокти со цел да се постигне совршен маникир. Иако ризикот за рак е многу мал, сепак вашите раце се изложени на штетното зрачење на УВ зраците, процес што во иднина би можел да има негативни последици.

Светски познатиот магазин Космополитен направи неколку истражувања на оваа тема и крајниот заклучок е дека покрај зрачењето со штетните УВ зраци, тука е и преносот на бактерии бидејќи ретко кој козметички салон после користењето на ламбата за сушење на гел за нокти ја дезинфицира, за таа да биде спремна за наредна употреба. Ова упатува на фактот дека е можен пренос на било каква кожна болест, која во минимален процент случаи знае да биде и фатална.

„Никој всушност детално ја нема проучено емисијата на штетни честитки кои ги емитираат УВ зраците врз рацете и ноктите на луѓето. Уште полошо е што може да дојде до оштетување на нервните завршетоци кои се наоѓаат на врвот од нашите прсти. Вие ги горите и уништувате клетките. Тоа како да одите на зрачење. Волтажата која ја емитираат ламбите за печење е навистина висока, затоа и чувствувате пецкање на вашите прсти“, вели Д-р Линдзи Шип, дерматолог на грузискиот универзитет Реџентс.

Сепак, дамите сакаат нивните раце да изгледаат негувано како и нивните нокти. За таа цел еве неколку практични совети што треба да ги знаете пред да отидете во салон за убавина.

1.Посетете ги салоните за маникир кои користат ламби со LED светилки за сушење на ноктите наместо УВ зраци. Ќе трае малку подолго но заштитата и здравјето се на прво место.

2. Секогаш прво прочитајте го составот на гелот или лакот пред да биде нанесен на вашите нокти. Гледајте во составот да нема отровни материи како толуен и формалдехид и слично кои можат да ги разјадат вашите кутикули и да навлезат длабоко под кожата и да ви предизвикаат алергија.

3. Правете повремени паузи помеѓу редовниот маникир, за да ги задржите вашите нокти здрави.

4. Доколку во салонот морате вашите нокти да ги сушите со ламба која има УВ зрачење, тогаш морате претходно да си исончате вашите раце. Држете ги на сонце неколку дена за да се навикне кожата и да ја стимулирате пигментацијата.

5. Ако пак не сте во можност да ги сончате вашите раце, тогаш ставете си ракавици што немаат прсти и на тој начин заштитете се.

Објавено:
2 јуни 2014
Категорија: 
Убавина