Мејкап изгледи од доделувањето на Греми наградите

28 јануари 2014

Иако највпечатливи беа настапите на Бијонси и Пинк, оваа година немавме некој несекојдневен изглед на Гага, што е сепак пријатно изненадување. Сепак во продолжение погледнете ја листата на десетте најубави изгледи од доделувањето на Греми наградите од кои дојдовме до заклучок дека во тренд е да се има негуван и колку што е можно поприроден изглед, со благо нагласување или на очите или усните.

Интересно е да се спомне дека Амбер Рос имаше успешно прекривање на тетоважата, а во однос на мејкапот, покрај римелот, имаше само нагласен сјај за усни.

Бијонси на црвениот килим се појави во веќе препознатливата фризура со кадрици,  а во однос на шминката покрај нагласениот кармин во бордо нијанса, имаше и нежна сенка во црно – сива нијанса околу очите.

Кејти Пери овој пат изненади со тоа што ги немаше нагласените мачкасти очи во однос на мејкапот, туку за својот изглед како основа го зема изгледот на Елизабет Тејлор, па токму затоа изгледаше поедноставно, но дефинитивно поубаво, само со нагласени трепки и нежно розов кармин.

Бременоста ја направи познатата аренби пејачка Сијара да блесне и токму затоа сметаме дека направила вистински избор со тоа што ги имаше само истакнато усните со кармин во беж нијанса и едноставна фризура со пуштени прамени нанапред кои дополнително придонесоа да изгледа сензуално и заводливо.

Тејлор Свифт до сега нема направено модно промашување, па ни на доделувањето на Греми наградите. Пејачката изгледаше прекрасно со косата фатена во коњско опавче, smokey eyes и розов кармин на усните.

Пејачката Ella Maria Lani Yelich попозната како Lorde на доделувањето на Греми наградите се појави во веќе препознатливиот готик стил, едноставна пуштена коса и темен бордо кармин на усните.

Алиша Кис со минималистичка шминка на себе изгледаше природно што одлично се вклопи во целосниот концепт во комбинација со фустанот од Армани во кралско сина нијанса.

Алиша Бет Мур или попозната како Пинк покрај акробатските движења на својот настап во однос на изгледот исто така изгледаше феноменално само со нагласен црн ајлајнер на очите и беж нијанса на кармин.

Феноменалната трансформација на Кели Озборн е за пофалба, а на доделувањето на наградите се појави во боб фризура во нежно виолетова нијанса, бордо кармин кој се вклопи со црната нијанса на фустанот и нагласени трепки кои до израз ги истакнуваа нејзините очи.

Како и кај сите останати, така и Кристи Тејген за овој настан се одлучи за едноставна шминка со нежно зачадените очи и сјај на усните.

Објавено:
28 јануари 2014
Категорија: 
Убавина