Мејкап трендови за претстојната пролет

3 март 2014

Кога станува збор за шминката, ние ќе ви препорачаме седум трендови кои би можеле да ги испробате за да одредите кои од нив одлично ќе се вклопат според вашите стајлинзи, форма на очи и тен на кожата.

1. Тренд на зачадени очи - Smokey eyes 

Овој тренд не е никаква новост, но интересно е тоа што секоја сезона нуди нови интересни варијанти. Од тоа што го видовме на модните недели во Њујорк, Лондон, Милано и Париз, можеме да заклучиме дека преовладува трендот на нежно нашминкани smokey eyes.

2. Впечатлива, нагласена светла нијанса на кармин за усни

Интензивната црвена нијанса беше хит на ревиите на Диор и Жан Пол Готје, а најголем впечаток оставија манекенките со  кармин само на средината на устата. Сепак, доколку не сте подготвени за таков чекор, доволно е за почеток да ја пронајдете вашата идеална нијанса на црвен кармин.

3. Сина и сребрена сенка за очи

Интересен микс на бои за оваа пролет ќе биде оној во кој преовладуваат сината и сребрената нијанса, со која всушност се добива верзија на зачадени очи со нанесување на сенка на долниот и горен капак на очите.

4. Мачкаста линија на очите направена со туш

Со тушот може да се експериментираат разни форми, а доколку сакате да постигнете сексапилен изглед, тогаш нанесете мачкаста линија на очите.

5. Природна шминка

Овој тренд е најзастапен и е дефинитивно најтежок за постигнување. За да го постигнете овој ефект потребно е да употребувате само неутрални тонови на сенки, пудри и кармини, а очите сосема малку да ги нагласите.

6. Црвен лак за нокти

Во однос на маникирот, постојано се наметнуваат нови и интересни трендови, а доколку сакате класичен изглед, тогаш потребно е само да нанесете црвена нијанса на лак за нокти.

7. Ниско коњско опавче

Понекогаш едноставноста е доволна за прекрасен изглед. Токму затоа ви препорачуваме да обрнете поголемо внимание на негата на косата и секако доколку сакате да направите фризура, тоа нека биде едноставно ниско врзано коњско опавче.

Објавено:
3 март 2014
Категорија: 
Убавина