Млечен пат од „Mac“ за Божиќ
•
6 октомври 2014
Козметичката компанија „МАC“ веќе ја осмисли и презентираше божиќната колекција. Доколку очекувавте декоративна линија во црвена и златна боја, тогаш „MAC“ ќе ве изненади. Насловена како „Млечен пат“, колекцијата е сочинета од сенки со метален сјај и нијанси на розова, бела, крем... Исто така, тука се и новите ајлајнери во две нијанси, како и розова палета на руменила и кармини.
Како најавуваат од компанијата, новите производи ќе бидат достапни шорм светот во текот на актуелниов месец, а во продолжение погледнете како изгледа млечниот пат на „MAC“.