На ова жените мислат 627 часа годишно

5 декември 2013

Потеченост, лоша фризура, влакна на лицето... токму на овие неколку работи жените мислат вкупно 627 часа и 28 минути во годината. Ова го покажа истражувањето на британската компанија Инвиста во кое учествуваа вкупно 2.000 жени.

Поголемиот дел од посоченото време, жените го одвојуваат за грижи околу тоа што да облечат и како да изгледаат, но најголема е загриженоста околу вишокот на килограми. На тоа жените трошат цели два часа неделно.

Истражувањето покажало и дека жените трошат околу еден час и 26 минути неделно за тоа со која комбинација можат да ги сокријат критичните зони на телото.

За подуеноста на стомакот размислуваат еден час неделно, додека половина час размислуваат за тоа дали градите им се премали или не!

Што велите, дали истражувањево дало точни резултати?

Објавено:
5 декември 2013
Категорија: 
Убавина