Најдобрите совети за убавина од Џесика Алба!

29 декември 2014

Таа е дефинитивно една од најубавите актерки на денешницата, а неодамна своите два милиони обожаватели ги почести со некои од нејзините најдобри совети за убавина.

Џесика Алба посочува дека она без што таа секојдневно не излегува од дома, се токму следните два рецепти што обожува да ги подготвува.

Во неколку наврати таа говори за тоа дека секогаш внимава на нејзиниот изглед, а особено на килограмите, бидејќи целото нејзино семејество било склоно кон дебелеење.

Таа вели и дека особено ги обожава природните рецепти за нега на лицето, косата и телото.

Во продолжение, дознајте кои се нејзините омилени рецепти со кои нејзината кожа постојано сјае, а нејзината фигура е секогаш супер витка!

Течност за негување на косата

250 мл. вода

Две лажици јаболков оцет

-Измешајте ја водата и јаболковиот оцет и измијте ја косата за да добие сјај!

Маска за лице од грчки јогурт и кафе

100 гр. грчки јогурт

Една лажица мелено кафе

Една лажица кокосово масло

Сок од еден лимон

-Измешајте ги сите состојки и нанесете ја смесата на исчистена кожа на лицето. Оставете да стои 10 минути, а потоа добро измијте го лицето. Остатокот од смесата можете да го зачувате во тегличка и да го користите неколку дена.

Објавено:
29 декември 2014
Категорија: 
Убавина