Најпопуларните бои за коса за оваа зима

4 јануари 2014

kosa 1

Ако веќе не сте храбри комплетно да ја смените фризурата, тогаш можете да ја смените бојата или нијансата. Зимскиот период е совршено време повторно да ја освежите косата. Она што е добро е што сегашните бои за коса не ја оштетуваат како порано, а многу од нив дури имаат и формули за јакнење со свила, аминокиселини, протеини и состојки за хидратација.

Не сте сигурни за која боја да се одлучите? Не мора тоа да биде драстична промена, туку за неколку тонови посветла или потемна од сегашната што ја имате. Ако не сте за постојана промена, тогаш можете да ги испробате и полутрајните бои или преливи. Што се однесува до нијансите, ова се моментално најпопуларните:

Шампањ руса

Ако имате руса коса, испробајте ја оваа топло златеста нијанса која е блиску до нијансата на пијалокот.

kosa 1-1

Медено златна

Обидете се со темноруса нијанса со малку црвена која на зимското сонце убаво ќе се прелива во боја на мед.

kosa 2

Strawberry златна руса боја (црвенкасто руса)

Ова е една од најпопуларните бои оваа зимска сезона, па ако сте русокоса зошто да не се обидете да и дадете црвенкаст сјај.

kosa 3

Светло смеѓа со руси прамени

Одлична комбинација кога е во прашање есенско-зимското освежување на косата. Русите прамени ќе помогнат лицето да добие ведрина, без драстична промена на косата.

kosa 4

Интензивно чоколадно смеѓа боја

Топлата чоколадно смеѓа боја е одличен избор за бринетите, а ако сакате интересна промена, обидете се да ги осветлите врвовите за да добиете омбре изглед.

kosa 5

Костенливо-црвена боја

Уште една совршена боја за оваа сезона - убава, богата црвено смеѓа нијанса, која одлично ќе се вклопи во околината и студените месеци.

kosa 6

 

Објавено:
4 јануари 2014
Категорија: 
Убавина
Тагови: 
коса бои зима