Еден од заштитните знаци на Наоми Кембел е токму нејзината црна и долга коса. Но, неодамна моделот се појави во сосема поинакво издание.
Имено, во Париз во тек е Машката модна, а Кембел се појави на ревијата на брендот „Луј Витон“ и ги изненади сите со изгледот.
Со кратка, виткана коса со осветлени прамени, Наоми беше речиси непрепознатлива. Кога е облеката во прашање, супермоделот носеше креација секако на „Луј ВИтон“, специјално изработена за неа. Се работи за плисиран фустан со принт, или фустан-марама, на моменти ризичен кој го комбинираше со палто во слична пастелна нијанса како и фустанот.
Изгледот го заокружи со беж чизми, огледални очила за сонце и мала чанта во форма на квадрат.
Познато е дека поради професионалните ангажмани, Наоми има оштетена природна коса, па често носи и перики. Дали е и ова таков случај, не сме сигурни, но новата фризура одлично ѝ прилега.
Како ви се допаѓа вам?