Навиткајте ја косата со помош на тоалетна хартија

18 февруари 2016

Кога ја погледнавте фотографијата, веројатно се потсетивте на времето кога заедно со другарките уживавме да ја виткаме косата со помош на тенки крпчиња.

Оваа девојка го прави истото, но со помош на тоалетна хартија. Она што е супер кај овој начин на виткање на косата е тоа што се прави за многу брзо време, а неверојатен плус е тоа што истата не се оштетува од топлина.

Единствено што ви е потребно е тоалетна хартија и малку трпеливост за да не ја уништите истата додека ги виткате прамените.

Дополнително, истата нема да ви направи проблеми кога ќе ги пуштате прамените, односно нема да дојдете до ситуација непотребно да ја заплеткате косата.

Уште вечерва, поканете ги вашите пријателки на добра вечера и филм, но потсетете се и на добрите стари денови со оваа интересна, нова техника.

Како да ја изведете истата, гледате во видео туторијалот во продолжение.

Објавено:
18 февруари 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.001 пати