Нега и убавина ширум светот – Бразил, сок од моркови

23 април 2013

Сокот од моркови е богат со витамините А ,Б, Ц, Д, Е, ПП, К, како и со големи количини железо, бакар и кобалт. Една од најдобрите состојки во морковот која е во изобилство е каротинот, кој е индиректно заслужен за добра пигментација, здрава кожа, коса и нокти.

sok_mrkva

Овој природен сок го освежува организамот, зголемува апетитот и имунитетот, помага во намалувањето на килограмите, го нормализира варењето на храната, процесот на метаболизам, односно воспоставува хемиска рамнотежа во целиот организам. Одличен е во борбата против инфекции и отпорност на организамот, го прочистува црниот дроб и делува позитивно на ендокриниот систем.

Морковот влијае во процесот на заздравување од некои кожни болести, како дерматитисот. Влијае на правилниот раст, го поправа видот, го зајакнува срцето. Тој е природен антидепресив, го отргнува немирот и психичкиот умор.

Сокот од моркови треба да се пие наутро пред доручекот. Доволно е 150 мл свежно цеден морков  и наздравете со една мала чаша за подобро здравје.

sok-morkovi-nega-ubavina-svetot-1

Објавено:
23 април 2013
Категорија: 
Убавина