Необичен совет за масната и нечиста кожа

14 ноември 2013

Иако пубертетските години се далеку зад вас, сепак на кожата многу често ви се појавуваат акни и истата многу често ви е масна?

Она што треба да го направите е да го промените начинот на исхрана, колку и тоа да звучи веќе познато.

Наместо млекото и млечните производи, обидете се некое време да консумирате соино млеко, млеко од бадеми, лешник или ориз. Овие производи можеби имаат малку повисока цена, но дефинитивно вреди да ги имате во вашата кујна.

Иако со години наназад се сметаше дека млекото е одличен производ за вашата кожа, новите истражувања покажуваат дека истото кај жените предизвикува пораст на хормонот тестостерон и со самото тоа – проблеми со кожата.

Поради порастот на нивото на тестостерон, кожата дополнително се масти, а многу често може да ви се појават и акни, па добро би било барем на некое време да намалите со консумирање на млечните производи, како што предупредуваат експертите.

Објавено:
14 ноември 2013
Категорија: 
Убавина