Неверојатна трансформација на Гвинет Палтроу во четири светски модни диви

2 јули 2014

Познатата холивудска актерка Гвинет Палтроу уште еднаш докажа дека не постои област во која не е успешна.

Откако во 2010 година во „Country Strong“ на еден посебен и шармантен начин ја долови и улогата на пејачка, сега уште подобро се покажа и во улогата на модел што одлично се трансформира.

Имено, за потребите на кампањата на Макс Фактор познатата актерка на единствен начин долови четири диви од четири различни децении.

Познатата русокоса на една од фотографиите е трансформирана во Одри Хепберн и изгледа навистина магично со високата пунџа и одличната шминка. На другата фотографија пак, неверојатно добро ја прикажува стилската икона Брижит Бардо, на третата Фара Фосет и на четвртата култната Мадона.

Иако на прв поглед се чини дека целата кампања на брендот е еден вид на забавен експеримент, комплетниот концепт е навистина добро смислен, а главната поента на истиот е со потсетување на легендарните модни икони, да се одбележи еден век од основањето на козметичкиот гигант.

За одличниот и ефектен изглед на актерката се погрижи познатата шминкерка Пет Мекграт која до совршенство успеа да ги преслика најпознатите изданија на славните диви.

Колку вие сметате дека се успешни транформациите и во која најмногу ви се допаѓа Гвинет?

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Убавина