Нов омбре тренд за девојките кои не сакаат често да се фарбаат

11 јануари 2019

Веројатно ви се случило некогаш да посакате да се појави некоја техника која ќе ви помогне да не се фарбате толку често, а сепак косата да ви изгледа супер.

Токму новиот тренд кај фризурите ви го овозможува тоа, а познатите фризери истиот го нарекоа „negative space“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by San Diego Hairstylist (@ana.rinsesalon) onDec 27, 2018 at 8:12am PST

Конкретно, трендот го популаризираше британскиот фризер Џек Хауард на кого му се благодарни многу жени кои веќе го испробале.

Со оваа техника се третира помал дел од косата за разлика од стандардната омбре техника, а крајниот ефект е природен изглед на косата како оној на девојките од Калифорнија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Balayage by Jack Howard™️ (@jackhowardcolor) onNov 19, 2018 at 10:46pm PST

 „Моментално, овој тренд е најпопуларен меѓу моделите и инфлуенсерките. Целта е да се стави акцент на осветлување на прамените околу лицето и истите да се направат уште посветли кон краевите“, ја објаснува техниката познатиот фризер.

Оваа техника, за разлика од останатите слични, може да се направи на било која фризура и на било која боја и секогаш ќе добиете супер природен изглед.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Balayage by Jack Howard™️ (@jackhowardcolor) onDec 23, 2018 at 11:20pm PST

При извршувањето на оваа техника најважно е што не се користат многу јаки препарати, па со тоа ниту косата не се оштетува, а истите траат многу долго време.

Инфо: Cosmopolitan.hr

Фото: Instagram, 

Објавено:
11 јануари 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
14.296 пати