Нов парфем на Кензо

17 февруари 2014

Floralista

Идниот месец еден од најбараните парфеми ќе биде новиот цветен на Кензо.

Куќата ќе лансира ексклузивно лимитирано издание на парфемот кое ќе се најде во продажба само на одредени места. Инаку, најавен е како „мирис кој ќе не опсипа со свежина и разнобоен букет цвеќе со мирис на цвет на јаболка, божур, праска и сочни ноти на круша“.

Женствениот цветен парфем доаѓа во стаклено шишенце, украсено со розови латици. Мирисот во продажба ќе се најде како Eau de Toilette од 50 милилитри, а несомнено дека ќе стане еден од најбараните во сезоната што доаѓа, како и сите парфеми на Кензо.

Објавено:
17 февруари 2014
Категорија: 
Убавина