Откако смуди стана еден од омилените напитоци на голем број луѓе ширум светот, сосема нормално на сцената настапија и неговите бројни варијации.
Меѓу последните варијанти од овој омилен напиток е и омбре смуди, како едно од „најфотогеничните“ од сите останати.
За многу кратко време, истото предизвика огромен интерес по социјалните мрежи благодарение на бројни стилисти за храна и блогери кои едноставно го обожаваат.
Стилистката за храна и модна блогерка Алисон Грисе Ву, го доведе овој напиток до совршенство, секојдневно прикажувајќи различни бои и вкусови од истиот.
Таа создава вистински ремек дела во чаша, енергетски и витамински бомби во кои секој би посакал да ужива изутрина.
Имено, како што таа пишува на нејзиниот блог, создавањето на ова омбре смуди воопшто не е лесна работа, но истото и донесе огромна популарност за многу кратко време.
Зависно од состојките, можете да создадете околу пет слоеви, почнувајќи од најсветлата па сѐ до најтемната нијанса на состојки.
Она што е најважно при подготовката на истото е да создадете густа смеса за слоевите и вкусовите не се прелеат еден во друг, а тоа може да го постигнете со замрзнато овошје, чиа семе, кокос, густ јогурт, големи парчиња свежо овошје и слично.
Уживајте во овој совршен летен десерт!