Со шампањско и јагоди точно напладне во центарот на градот беше отворена новата Cosmo Tinex дрогерија, место на кое жените ќе може да ги најдат сите потребни работи од светот на козметиката.

Сосема очекувано, отворањето на истата и бројните попусти и акции предизвикаа големо внимание, па така на касите можеше да се видат редици од потрошувачи кои побрзаа да се почестат себеси или најблиските со дел од производите од огромната понуда на Cosmo Tinex.

Од денеска, па сѐ до сабота и вие ќе можете да си набавите нешто од нивната голема понуда ексклузивно по супер цени и на неодоливи попусти.

„Cosmo повторно се врати во Центар со нова, убава и модерна дрогерија каде што можеме да ги понудиме сите врвни брендови. Значи буквално ова е место каде што секоја жена ќе може да најде сѐ, од најлуксузните брендови на парфеми, декоративна козметика, козметика за нега на кожа, па сѐ до производи од најбараните брендови со понизок ценовен ранг. Среќни сме што повторно сме близу до потрошувачите во Центар, понудата секогаш е најдобра, остануваме на врвот со најдобри цени, никогаш не заостануваме и секогаш сме тука да го понудиме она што е најново и најатрактивно за потрошувачите, да одговориме на сите нивни потреби и да бидеме во чекор со сите новитети и сѐ што се нуди на пазарот“, изјави денеска Маја Карагошева, бренд менаџер за козметика во Cosmo Tinex.

Како што веќе споменавме, само оваа недела во новата Cosmo дрогерија ќе можете да ги најдете вашите омилени парфеми и производи од декоративната козметика на голем попуст.

„Од понеделник до сабота, нудиме акции со големи попусти на парфеми од бројни брендови, имаме добри акции на Clinique и Estee Lauder, односно за еден производ добивате сет со пет производи. Имаме добри сетови на шампони, креми за лице, гелови за туширање (едно + едно подарок). Имаме навистина комплетна понуда од орална хигиена, па сѐ до парфеми и шминки, така што ги советуваме сите да дојдат оваа недела и да ги искористат понудите што ги нудиме“, вели Маја.

Ја прашавме и кои се трендовите кога станува збор за козметиката оваа пролет и што е она што девојките кај нас најмногу го бараат.

„Оваа пролет девојките најмногу сакаат кармини, односно најмногу купуваат кармини, доаѓаат „жедни“ да ги изберат најновите нијанси. Потоа парфемите, па секогаш доаѓаат и новите нијанси на бои за коса, па сѐ до производи за нега на коса и секако неизбежните пудри и маскари како стандард козметика“, вели Карагошева.

Доколку денеска не стигнавте да ја посетите новата дрогерија на Cosmo, веќе ја знаете вашата задача за оваа недела!

Истата се наоѓа во катната гаража „Тодор Александров“ кај Старо Беко.

Објавено:
25 април 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.338 пати