Нова соработка на козметичкиот бренд MAC со Озборн

11 јуни 2014

По тој повод,  Шерон Озборн истакна дека првото нешто кое Кели го украла од нејзиниот несесер е карминот за усна, а со него цртала низ ѕидовите кои биле обложени со шарени тапети. Кели се надоврзала на изјавата на нејзината мајка додавајќи дека и ден денес сеуште го поседува истиот кармин. Во однос на убавината, Кели истакнала дека Шерон секогаш ја учела да ја цени пред се внатрешната убавина – „Најдобриот совет кој мојата мајка ми го има дадено е дека убавината доаѓа од внатре. Потребно е да се прифатите себеси такви какви што сте, да се сакате и да имате самодоверба на високо ниво. Само тогаш ќе дознаете кои сте вие всушност.„

Новата мејкап линија е составена од 13 производи, односно карини, моливчиња за уста и очи, пудри , руменила и четки за апликација. Цените на истата ќе се движат од 21 до 62 долари во зависност од производот. Шминките од денес може да се најдат во продажните салони на MAC, како и на нивниот онлајн шоп.

Објавено:
11 јуни 2014
Категорија: 
Убавина