Се ближиме кон крајот на оваа 2020 година. Колку и да не беше најпрекрасна, ние ќе се обидеме да ви го разубавиме останатиот дел. LUSH има огромен избор на новогодишни производи кои се тука само за една цел: вашето уживање и релаксирање, се разбира.
Lush Seasonal
Во зима добиваме еден час помалку природна светлина во текот на денот Тоа може да ве направи мрзеливи, нерасположени и изморени.
Но, без грижи!
Шумливите и пенливите купки за во када се тука за цела зима да се чувствувате пријатно, удобно и секако во одлично расположение.
На прво место, ви го претставуваме најновиот член на SNOW FAIRY семејството.
Пенлива купка која ќе направи мноогу меурчиња од шеќерна волна во вашата када.
SNOW FAIRY ROLL ќе ви остави сладок мирис на целото тело и мека кожа како никогаш досега.
Snow Fairy Roll Buble Bar Hero
ELFIE STICK
Оваа пенлива купка ќе ве радува повеќе пати. Секој пат се повеќе ќе се чувствувате како да е лето во вашата бања поради заносниот мирис на сочни круши, банана и сицилијански лимон.
Elfie Stick
KINKY BOOTS
Пенлива купка која има два дела. Издробете го црвено-белиот дел под млаз вода за мноогу меурчиња или додадете ги чизмичките во веќе полна када. За целосно уживање употребете ги двете во исто време.
Kinky Boots Buble Bar
I WANT A HIPPOPOTAMUS FOR CHRISTMAS
Шумлива купка за во када со прекрасен освежувачки мирис на свежи малини, полна со најразведрувачките масла од бергамот и грејпфрут. Плус, есенцијално бадемово масло за длабинска заштита на кожата.
I want a hippopotamas for Christmas
TICK-TOCK
Овој сладок робот ќе ја претвори вашата када во волшебна боја. Масло од сладок див портокал за да ве освежи и да го подобри расположението за време на тмурните денови.
Цимет кој ќе направи циркулација на мускулите и ќе ве загрее. Совршената шумлива купка за ладните температури кои следуваат.
Tick Tock Bath Bomb
Кои се новитетите за туширање?
ROASTING CHESTNUTS ON AN OPEN FIRE
Овој топол, омекнувачки гел за туширање ќе ве стопли и кога е најстуденоо. Нашето овесно млеко го правиме од органски овес од Канада кој ја смирува и најчувствителната кожа, а вистинското пире од костени и доза глицерин смируваат иритации. Сега сте подготвени за зима.
Roasting Chestnuts
POLAR BEAR SOAP
Најслаткиот сапун за тело кој некогаш сте го пробале. Ќе ве опушти и размрда во исто време. Бразилскиот портокал го подобрува вашето расположение додека какао путерот ја омекнува кожата. Ќе се чувствувате како нови после туш.
Polar Bear Soap
SNOW FAIRY SHAMPOO BAR
Соништата навистина се остваруваат! За сите фанови на овој популарен празничен мирис направивме и цврст шампон за коса, целосно без конзерванси! Овој шампон содржи бел слез во прав кој ја омекнува и отплеткува косата, и има прекрасен мирис на шеќерна волна за да се чувствувате како вистинска снежна самовила!
Snow Fairy Shampoo
НАЈНОВИОТ ПРОИЗВОД ЗА НЕГА НА ТЕЛО, МЛЕКО ЗА ТЕЛО со добро препознатливиот мирис на Yog Nog.
YOG NOG BODY MILK
Сега ќе мирисате на вистинска неодолива карамела.
Yog Nog
Ова млеко за тело остава нежен, божиќен мирис кој трае, покрај тоа вашата кожа ќе ви биде благодарна бидејќи ова млеко за тело содржи бадемово масло во комбинација со зачинето масло од каранфилче, заедно создаваат стимулирачка и хидратантна формула.
Иии, последното но најважно изненадување кое го имаме за да блеснете оваа зима е SNOW FAIRY GLOW STICK!
Snow Fairy Glow stick
Тонирана крема во цврста форма која дава магичен здрав сјај.
Овој хајлајтер ќе биде вашиот омилен после првото нанесување, верувајте ни. Најважно од сè е тоа што содржи кокосово масло и ружин восок кој ја смируваат и негуваат кожата.
Дали веднаш се чувстввувате подобро? Одлично, тоа беше нашата цел. Уживајте и негувајте се во празничниот период кој не очекува.
*комерцијален текст