Новиот неодолив тренд: Butterfly cut

18 јули 2022

Уште еден пример за тоа како трендовите оваа година ги рефлектираат оние од 70-тите, 80-тите и 90-тите е и Butterfly cut фризурата. Оваа фризура на слоеви каде шишките се извиткуваат нанадвор со цел да се добие ефект на крилја на пеперутка е стил што можевме да го забележиме кај голем број пејачки и глумици од 70-тите, но исто така и кај Џенифер Анистон, на почетокот на нејзината глума во „Friends".

Фото: Pinterest

Како и за многу други трендови, така и за овој, „главниот виновник" е платформата TikTok, но вистинската причина зошто оваа фризура е толку популарна и атрактивна како за постарите, така и за младите генерации, лежи во нејзината лесна одржливост и можност да биде стилизирана на безброј начини.

Притоа, оваа фризура која има кратки и долги слоеви, освен што дава двоен изглед (на долга и кратка коса, зависно од тоа како ја стилизирате), таа и совршено го врамува лицето и додава неверојатен волумен.

Фото: Pinterest

За разлика од досегашните трендови на сосем рамни или бановидни фризури кои бараа голема посветеност и време во стилизирање, Butterfly cut е значително полесна за одржување и носење. Овој стил е совршен за секој кој сака коса која изгледа густо и здраво без да се жртвува должината.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
18 јули 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.036 пати