Новиот парфем на Версаче наскоро достапен и кај нас

29 јануари 2015

Во месец март, новиот женски парфем на престижниот бренд Версаче, насловен „Eros Pour Femme“ ќе биде достапен во продажба и во Македонија.

Неслучајно, токму за празникот на жената 8-ми март, ќе имате можност да ги изненадите вашите сакани со едно мало богатство од миризливи ноти спакувано во божествено луксузно шишенце.

Во главна улога во рекламната кампања се појавува манекенката Лара Стоун која како совршена божица ја придружува сексапилниот Брајан Шимански, кој пак ја промовираше и машката верзија на парфемот „Eros“.

Парфемот е нежна комбинација на ароми од лимон, јасмин, миризливо дрво и магични божури.

1234566

 

Објавено:
29 јануари 2015
Категорија: 
Убавина