Новитети од познатата куќа: Купка со мирис на Chanel No 5

30 јуни 2021

Во чест на еден век од лансирањето на култниот парфем на „Шанел“ - Chanel No.5, од познатата куќа одлучија да ги изненадат своите клиенти и обожаватели.

Имено, тие создадоа посебна колекција „Factory 5“ која вклучува 17 премети за секојдневна нега, но со доза на луксуз.

Од боди лосиони, преку гелови за туширање, до купки за када - навистина се потрудиле да ги разгалат „Шанел“ чантите.

Целта била да ја вратат првичната цел на естетиката на Chanel No.5, а тоа е функкционалните предмети да станат посакувано луксузно парче.

Цените се движат од 63 долари до 190, со што внимавале да може и секој да си ги дозволи.

Нам вниманието ни го привлече кутијата со таблети (купки) за када. Кутијата содржи 10 таблети, а цената изнесува 75 долари

Објавено:
30 јуни 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.240 пати