Од Лондон со љубов...

14 април 2016

Модната куќа „Барбери“ оваа пролет ги израдува своите обожаватели и со нова декоративна козметика.

Кристофер Бејли неодамна ја претстави романтичната колекција шминка насловена„London With Love“.

Дизајнот на шминката и опаковките го содржат логото на британскиот бренд, боите варираат од нежно розова, до тонови на фуксија.

Во колекцијата се содржи и руменило, како и Lip&Cheek Bloom кој може да се користи и на усните и на јаболчниците на образите. Постојат и два вида кармини – Kisses и Lip Velvet. Од брендот истакнуваат дека се со хидрирачка моќ, што ги прават идеални и за летниот период.

За линијата да биде комплетна, од „Барбери“ направија и лак за нокти во две нијанси – розова и корална.

Од куќата велат дека колекцијата веќе може да се купи на сајтот на „Барбери“, а кон крајот на месецов ќе се појави и во неколку одбрани продавници.

 

Објавено:
14 април 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
345 пати