Оливија Палермо има идеална лоб фризура
•
5 јануари 2018
Во светот на убавината, лоб фризурата веќе одредено време е вистински хит.
Оливија Палермо е само една од многуте трендсетерки кои оваа сезона се решија токму за ваков тип на фризура.
Суптилните слоеви создаваат поголем волумен, со што лесно и едноставно ќе го имате посакуваниот облик на косата во секојдневното, рутинско разубавување.
Лоб фризурата е истовремено ноншалантна и романтична, едноставна и елегантна, со што е лесно прилагодлива, независно од тоа каков е вашиот индивидуален стил.
Палермо многу често во своите стилски комбинации прави микс на парчиња од „high street" и луксузни брендови, а лоб физурата идеално се вклопува во секое нејзино издание од актуелната сезона.