Омилениот anti-age сапун на Џеки Кенеди и Мерилин Монро достапен за 2.000 денари

20 август 2019

Џеки Кенеди, Грета Гарбо, Одри и Кетрин Хепберн, Мадона, Ума Турман се само дел од познатите дами кои за изгледот на своето лице можеле и можат да му заблагодарат на еден производ - anti-age сапунот на брендот „Ерно Лазло“.

Поточно се работи за сапун во цврста форма Еrno Laszo Dead Sea Mud& Charcoal, кој се користи за чистење на лицето.

Со оглед дека оваа компанија постои повеќе од 70 години, се вели дека овој сапун, попознат уште како „црниот сапун“ е со специјална формула, поради што опстојува толку време. 

Се работи за комбинација од кал од мртвото море, кое содржи 26 минерали и глицерин, кои ја штитат влажноста на кожата, како и палмино масло, кое ја штити кожата. Сапунот не само што ја чисти кожата, туку има и пилинг својства и ѝ прави детокс на кожата.

После долго време истиот е достапен на Амазон, а оценет е со 4.5. Цената му изнесува 38 долари, односно околу 2.100 денари, па доколку некогаш посакате да се почестите и да имате производ што го користеле познати дами, еве што би можело тоа да биде.

Во контекст на тоа оди коментарот на една корисничка која вели: „Го користам сиот свој живот и имам прекрасна кожа. Никој не би рекол дека ги имам годините што ги носам, изгледам десет до 20 години помлада“.  

Единствената забелешка и причина што нема рејтинг 5 е што компанијата ја намалила големината на сапунот, за разлика од претходно, а цената останала иста, или за некои сапуни дури и поголема. 

Покрај споменатиот црн сапун, линијата содржи и други типови сапуни, со различни цени, за различни потреби на кожата. Сината верзија на сапунот која чини 79 долари (или речиси 4.000 денари) е речиси распродадена, има уште 20 парчиња.

др. Ерно Лазло

Инаку, Ерно Лазло доктор со унгарско потекло, кој почнал посериозно да се занимава со дерматологијата откако се рашириле позитивни гласини за тоа како го подобрил тенот на принцезата Стефани од Белгија, која претрпела сериозни емотивни потешкотии, па дури и понижување, а на сметка на нејзината кожа. Тој бил „доктор на познатите“, а меѓу неговите клиенти биле членови на кралските семејства меѓу кои и Војвотката од Виндсор, но и популарните холивудски имиња што претходно ги споменавме. 

До креветот на кој умира Мерилин Монро биле пронајдени токму производи за убавина од оваа компанија.

Во доцните 1940-ти докторот создава Институт во кој има 3.000 клиенти. Сапунот во тоа време не е на продажба освен за споменатите членови. А ако сте сакале да бидете член, морало да ве препорачаат најмалку двајца, а секоја консултација чинела 75 долари (за споредба, цената на телевизорите во почетокот на 1950-тите изнесувала 200 долари).

Ако случајно некоја од познатите дами одбивала да ги следи неговите совети, тој престанувал да работи со неа и автоматски немала пристап до производите. 

Тој ѝ кажал на Џеки Кенеди да не става повеќе масло или крема на нејзиното лице, бидејќи ќе го направи мрско, додека на Ава Гарнер ѝ рекол дека лаже дека ги следи неговите инструкции: „Твојата кожа ми кажува сè“, бил неговиот коментар. Како што следи приказната, таа одбивала да ја напушти неговата канцеларија и сериозно се скарале, додека таа не почнала пак да ги следи советите. 

Би го пробале ли сапунот?

Објавено:
20 август 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.184 пати