One Direction лансираа сопствена мејкап линија

27 јули 2013

One Direction во соработка со MUA Make up Academy ја создадоа капсула колекцијата наречена „Little Things“ составена од лак за нокти, кармини и сенки за очи. Момчињата од бендот ја избраа нивната омилена боја според која мислат дека една девојка изгледа убаво, па поради тоа нијансите се движат од нежно розови до корални.

Изборот на вкусовите бил едноставен. На пример, Хари ги обожава јагодите, Ниал црешите,  а Луис ванилата. Очекувањата се дека во период од една година ќе достигнат заработка од 120 милиони долари, а бидејќи бендот е омилен на тинејџерките ширум светот, ние не се сомневаме дека новата мејкап линија ќе биде повеќе од успешна.

Објавено:
27 јули 2013
Категорија: 
Убавина