„Origins“ ве советува – никогаш не престанувајте да истражувате

25 септември 2019

Брендот „Origins“ конечно пристигна и во Македонија, а производите ексклузивно ќе можете да ги најдете во дрогериите Космо Тинекс во ТЦ Зебра и во Скопје Сити Мол. „Оrigins“ производите денеска ќе бидат со специјален попуст од 15% проценти. 

На присутните гости на промоцијата, меѓу кои беа македoнските инфлуенсери, медиуми и вип клиенти на Космо, се обрати Глорија Мапилеле Тодоровиќ, ексклузивен едукатор за козметиката „Origins“. 

Приказната на „Origins“ започнува во 1988 година со визија на Leonard Lauder за создавање прв бренд за нега на кожа базиран исклучиво на природни состојки кои со помош на напредната технологија и науката, ќе овозможат безбедни и високо ефикасни производи. 

На почетокот, постоел само  Project 250, а вистинскиот назив на брендот е креиран во 1990 година. Самото име „Origins“ кажува многу за брендот, односно за „потеклото“ и „создавањето“ на планетата Земја, за поврзaноста на природата и човекот, за древното и модерното, брендот се зајакнува благодарение на науката. Првото продажно место на брендот е отворено во 1990 година во Harrods, во Лондон. 

Origins постигнува рамнотежа и ја прикажува двојната страна на природата, рамнотежата на се што постои (јинг и јанг) .

Слоганот на брендот е: „Origins е бренд за нега на кожа посветен на општото добро, на нашето и на планетата Земја, a предноста е тоа што сакаме да покажеме на сите се што работиме – од формула, до пакување и создавање на растенијата“. 

„Origins“ од првиот ден е во постојана потрага по нови состојки и инспирација која ја црпи од природата. Нуди богата текстура збогатена со мириси на чиста природа кои ги создаваат есенцијалните масла за холистичко искуство во корист на духот, умот и телото. 

Производите не содржат парабен, фтлати, минерални масла, пропиленгликол, вазелин, парафин, DEA и состојки од животинско потекло. Пакувањата се минималистички, пријателски настроени кон околината (направени се од биоразградлива хартија). 

Соработката на брендот е исклучиво само со производители на состојки и фабрики кои гарантираат и поседуваат сертификат за минимално емитување на јаглерод диоксид во атмосферата и каде што производството се врши со помош на природни  извори на ветер, вода и сонце. Во согласност со природата, „Origins“ зема од неа, но исто така и активно ја обновува на тој начин што досега има засадено околу 600 000 дрвја и млади стебла ширум светот. 

„Оrigins“  се состои од 9 клучни линии на производи кои се вклопуваат во класичната нега на кожа, како што дехидратација, сив и уморен тен, стареење, проширени пори, масна кожа и склоност на акни, а има исклучително ефикасна линија на смирување на чувствителна кожа склона на црвенила. 

Исто така, во овој прекрасен бренд можете да пронајдете производи кои не смеете да ги заобиколите, како што се „High-Potency Night-A-Mins™ Resurfacing Cream“ со AHA овошни киселини, пилинг за лице  „Never A Dull Moment“, збогатен со семе од манго, кајсија или нежно масло за чистење на лицето  „Clean Energy“ кое содржи екстракт од маслинка и сончоглед со арома на есенцијални масла за будење на енергијата, портокал, грејпфрут и лимон. 

Бестселер на брендот е линијата Ginzing и маската за лице која воедно е и заштитен знак на брендот, „Clear Impoverment Active Charcoal“ која е неменета за длабинско чистење на кожата и во моментов е маска број 1 во Америка.

Објавено:
25 септември 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
231 пати