Осум вида храна за убава кожа

18 јули 2013

Многупати нутриционистите и експертите советуваат да внимаваме што јадеме и какви видови на производи конзумираме. И тоа не важи само кога станува збор за одржување на нашата витка линија, туку внимателниот избор на храна влијае и врз нашата кожа. За да биде што поубава, нежна и негувана еве кои производи треба да ги вметнете во вашата исхрана.

 

 

Авокадото е добар извор на биотин, состојка која помага, за да се спречи сувата кожа и кршливост на косата и ноктите. Авокадото е добро да се користи и како маска за лице. Ја навлажува и освежува кожата, а витаминот Е кој го содржи ја смирува и одмара иритираната кожа.

 

 

Една голтка за здрав живот. Зелениот чај се наоѓа високо на листата пијалаци кои содржат полифенол, кој е добар за растопување на масните наслаги во телото и забрзување на работата на метаболизмот. Четири чаши во текот на денот се доволно за целосна ревитализација на внатрешноста на вашето тело и кожа.

 

 

Јадете домати. Покрај тоа што се одличен извор на антиоксиданси, содржат и ликопен, состојка која спречува изгореници и рани. Хранливите материи кои ги имаат го забавуваат процесот на оштетување на клетките и помагаат во создавањето на нови и здрави клетки.

Забавете го стареењето со редовно конзумирање на лосос. Лососот е богат со астаксантин и каротеноид, состојки кои ја подобруваат елатичноста на кожата и го забавуваат процесот на нејзино стареење.

 

 

Следен продукт кој е мошне корисен и здрав се јајцата. Јајцата се комплетен извор на протеини, а содржат и биотин, кој е суштински витамин што ја штити сувата кожа. Помагаат во обновата на веќе уништените клетки и го забрзуваат процесот во создавање нови.

 

 

Конзумирајте калинка. Ова овошје е природен антиоксиданс, а помага во создавање на повеќе колаген во кожата и го забрзува процесот на нејзино заздравување и исцелување.

 

 

Доколку сакате да ја збогатите вашата исхрана со Омега-3 масните киселини, а не сте некој обожавател на риба, оревите се тука за да ви помогнат во решавање на овој проблем. Оревите се и богат извор на Омега-3С, кој вашата коса ја прави посјајна, а кожата неверојатно мазна и глатка.

 

 

Друг извор на протеини се мешункастите плодови. Тука спаѓаат сите видови на грав. Не само што помага во обновата и создавањето на здрави клетки, како и во забрзување на метаболизмот и побрзо варење на храната, гравот е богат и со аминокиселини кои помагаат да се забрза регенерацијата на клетките и кожата и создавање на колаген кој ја подмладува и ја прави поеластична.

 

 

 

 

 

Објавено:
18 јули 2013
Категорија: 
Убавина