Осветлете ја косата на природен начин со помош на цимет

14 јануари 2014

Причината за тоа може да е вашиот пигмент или пак недостатокот од сончева светлина која допринесува за добивање на златеста нијанса. Доколку не сакате постојано да ја уништувате косата со секакви препарати, а да ја осветлите, ние ќе ви понудиме едно интересно решение.

Во еден сад помешајте цимет со балсам и тоа количина во размер 1:1. Големината на смесата ќе ја одредите според густината и должината на вашата коса. Потребно е вашата коса да ја поминете со вода и да почеткате убаво да се впие влагата  во крпата. Земете од смесата и мачкајте од коренот до врвовите. За убаво да ја нанесете поминете со чешелот низ вашата коса.  Во текот на ноќта ставете ја косата во капа за туширање и измијте ја наредното утро.

Предноста на оваа метода е што може да ја применувате колку што сакате, а да знаете дека нема да ви донесе неочекувани и негативни последици.

Објавено:
14 јануари 2014
Категорија: 
Убавина
Тагови: 
балсам коса цимет