Откријте го вашиот совршен внатрешен свет во Спа центарот на „Парк Хотел“

4 ноември 2016

Дизајн со карактер, концепт што ги задоволува сите потреби на модерниот човек и пријатен амбиент – оваа целина на новоотворениот „Парк Хотел и Спа" лоциран во Градскиот парк во Скопје, е причината поради која ова е новото омилено место во градот.

За приказната да биде комплетна во рамките на хотелот функционираат и ресторан со неодоливи кулинарски специјалитети, тераса, конференциска сала, спа центар со базен, фитнес центар и прекрасни апартмани.

СПА Центар

Скапоцениот камен на „Парк Хотел и Спа" е токму Спа центарот во кој ќе го пронајдете вашиот совршен мир. По динамичниот ден бесконечно исполнет со обврски, посветете си го заслуженото внимание и посетете го Спа центарот каде може да уживате во комплетна регенерација и релаксација на вашите тело и ум.

Спа центарот се простира на 600 m² и нуди комплет на различни алтернативи за релаксација преку кои ќе постигнете оптимален баланс помеѓу внатрешниот мир и подмладувањето на телото.

Она што дополнително воодушевува е естетиката во дизајнот на Спа центарот. Веднаш се забележуваат внимателно одбраните детали и страста со која архитектите се посветиле на секој сегмент во концепирањето на визуелниот амбиент на центарот.

Базенот кој функционира во рамки на Спа центарот е фантастично декориран со најдоброто „Мурано" стакло и дополнително придонесува за совршеното чувство на комплетна релаксација.

Само дел од услугите кои ќе ги добиете во Спа центарот се и:

-Арома терапија
-Традиционална Thai масажа
-Шведска масажа
-Релакс масажа
-Спортска масажа
-Thai масажа на стапалата...

Топло ви препорачуваме да го посетите Спа центарот во „Парк Хотел и Спа" и да го пронајдете вашиот совршен внатрешен свет.

За сите детални информации посетете ја веб страната на Парк хотел и Спа www.parkhotel.mk

Спонзорирана објава

Објавено:
4 ноември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.652 пати