Откријте каков облик на усни имате и како да ги шминкате

5 март 2021

Секој од нас има единствен облик на усни и насмевка. Но, стручните лица, со текот на времето дефинираат девет главни облици на усни. Сепак, се случува луѓето да имаат комбинација од два или три облика, а секој од нив се разликува по големината, волуменот...

Еве го главниот водич, па најдете го својот облик и прочитајте ги советите како да ги шминкате:

1.Полна горна усна

Ако горната усна ви е пополна од долната, можете да ги изедначите со исцртување со моливче. На долната усна исцртајте линија малку под работ и така направете симетрија. Или пак, со коректор „намалете" ја линијата на горната усна.

2.Полна долна усна

Кога е обратната ситуација во прашање, послужете се со истиот трик со исцртување на усната, но овој пат горната.

3.Кружни полни усни

Ако и горната и долната усна ви се со еднаква ширина, веројатно имате кружни усни. Често се полни со мек аморов лак, па со додавање малку сјај на средината на усните, одлично ќе ја истакнете таа полност.

Од друга страна, ако сакате да ги издолжите, тогаш со молив нежно исцртајте ги надворешните агли на усните, за да ја нагласите должината, но не претерувајте за да не добиете ефект на кловн.

Подобро да го истакнете она што го имате отколку да ризикувате.

4.Срцевидни усни

Усните во овој облик најчесто имаат изразен аморов лак на врвот, со поостра долна усна. Тоа секако варира од личност до личност, но за да го истакнете нивниот облик, користете хајлајтер, нанесте го малку и размачкајте нежно. Овој трик е одличен за сите облици на усни, но посебно за овој. Ако е потребно со молив за усни поминете го тој дел и нежно размачкајте за да ги „омекнете“ аглите на усните.

5. Усни во облик на лак

Долната усна можеби и не е така нагласена за усните да прават срце, но за нивното шминкање вреди правилото - или истакнете го средниот дел на Аморовиот лак на горната усна или ублажете го врвот во облик на буквата V така што ќе нанесете малку кармин над лакот.

6. Широки усни

Тие се најчесто малку подолги, а не премногу полни. Ако сакате да им додадете волумен, истакнете ги со некоја светла нијанса на кармин или сјај и тоа во средишниот дел. Така ќе го привлечете погледот на тој дел од усните. 

7.Тенки усни

Можеби имате природно тенки усни или со годините тие по малку се стеснуваат бидејќи губат на волумен. За да нагласите тенки усни, моливот е најважниот дел од несесерот. Секогаш можете да направите црта малку над усните, за да ги направите поделебли, но внимавајте да не претерате. Исто така можете да направите комбинација на исцртани усни со светол кармин во средишниот дел на усните.

8.Полни усни

Полните усни се разликуваат од личност до личност, но генерално се одликуваат со еднаков волумен на горната и долната усна. Кога ги шминкате, додајте малку сјај на средина на усните или нагласете го аморовиот врв така што со молив ќе го исцртате и ќе го изострите. Тоа можете да го направите и со аглите на усните.

9. Опуштени усни

Тоа се усни чии краеви се благо спуштени надоле и најчесто се случува кога долната усна е нешто помала од горната. Аглите не се под иста линија, а трикот е во тоа да ги пополните со молив за усни и така да ги кренете. Користете молив кој е малку потемен од вашата природна боја на усните, бидејќи така се создава сенка и го нагласува обликот.

 

Објавено:
5 март 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
6.097 пати
Тагови: 
усни шминка