Отсега ќе се шминкаме со „Валентино“

5 мај 2021

Модата и убавината се нераздвојна љубовна двојка. Токму затоа, голем дел од модните куќи се впуштаат во водите на убавината, креирајќи цели линии мејкап и козметички производи. 

Во средата минатата недела, креативниот директор на италијанскиот моден бренд „Валентино“, Пјерпаоло Пичоли најави дека на 31. мај можеме да ја очекуваме првата мејкап колекција на брендот. 

На портфолиото на убавина на Пичоли и „Валентино“, покрај фамозните парфеми, сега ќе се додадат 50 нијанси кармини за усни, 40 нијанси подлоги за лице и разни производи за очи. 

Разубавувачкиот арсенал на „Валентино“ ќе биде спакуван во луксузна црвена амбалажа, украсена со логото на куќата.

Мејкап колекцијата, заедно со Пичоли ја создаваат уште 16 други врвни уметници, сокриени од јавноста, а судејќи според пролетната колекција, ќе се употребуваат јаки бои како фуксија, портокалова, жолта и секако, неприкосновената црвена. 

Објавено:
5 мај 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
215 пати