Ова е најбараната фризура во 2020 година

23 декември 2020

Голем број фризерски салони ширум светот беа затворени годинава, па тоа значеше дека стилизирањето на косата требаше да се прави во домашни услови.

А тоа се одрази и на интересот на луѓето за одредени фризури. Според „Гугл“ луѓето во 2020 најчесто пребарувале како да се ишишаат сами дома и како да ја бојадисаат косата.

Меѓу популарните прашања било и она „Како да се скрати машка коса во домашни услови'. Но, меѓу сите овие актуелни прашања, меѓу најпопуларните трендови за кои имало интерес се таканаречените „завеса шишки“ (curtain bangs).

 

За оваа варијанта на стилизирање шишки, косата треба да се раздели на средина и да се скратат страничните прамени и да бидат сепак степенести. Да бидеме реални, тоа добро може да го направи само стручно лице.

Инаку, овој тренд има уште едно име „Bardot Fringe“, бидејќи Брижит Бардо е таа што всушност го популаризираше овој изглед во текот на 60-тите.

На жените им се допаѓа, бидејќи го нагласува лицето на убав начин, а одговара и на речиси секој облик на лице, па и должина на коса. 

Ако не сте ја имале до сега, еве шанса да испробате нешто ново и Новата година да ја дочекате со нова фризура.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Joanna Hummel (@joannnahummel)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lydia Helen (@lydiahelen_)

 

Објавено:
23 декември 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
6.201 пати
Тагови: 
фризура Шишки