Ова е најпопуларната фризура за мажи за 2021

26 јануари 2021

Секоја година носи нови тенденции и кога е косата во прашање. Ако пак ја гледаме последната декада и машките фризури, може да се рече дека имаше многу различни трендови - од класично потстрижени, до долги коси, пунџи, „кремче“, шатирани.

Кадрици и тоа во средишниот дел и странично потстрижена коса е еден од најголемите трендови моментално.

Меѓутоа, во 2021 година стилистите за коса велат дека ќе се врати голем тренд од 90-тите години -  „curtain“ стилот, односно верзија на популарната „тетратка фризура“, за која велат дека ќе биде и фризура на годината.

Ја носеа и Дејвид Бекам, Џони Деп, Леонардо Дикаприо и Бред Пит и уште голем број познати мажи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@titanic.eclipse)

Се работи за фризура која бара малку подолга должина и правилно дефинитиран патец, како и шишки пократки на страна исфенирани. 

Интерсно е што  веќе ја гледаме кај Тимоти Шаламе, ја имаше и Зејн Малик, па и Бруклин Бекам беше обожавател на истата, како и Бредли Купер...

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Timothée Chalamet (@tchalamet)

„Одговара на сите облици на лице, но уште повеќе и на различни текстури на влакно. На пример, кај мажите што имаат тенко влакно на коса, ќе помогне да им изгледа погуста, а оние што имаат густа коса со оваа фризура ќе добијат фантастичен волумен“, велат фризерите.

Исто така, предност е што добро изгледа и на права и на брановидна коса. 

Враќањето на стари трендови можеби е само еден од начините на кои новите генерации го откриваат она што било кул во минатото, но истовремено е и тенденција која се појавува во сите гранки на модната и козметичката индустрија.

Во продолжение уште неколку примери од оваа фризура. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ALEX COSTA (@alexcosta)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by David (@dave.amaral)

 Што мислите за овој тренд?

 

 

 

 

Објавено:
26 јануари 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.554 пати
Тагови: 
мажи фризура