Оваа пролет ја негуваме кожата со миризливите путери од Lush

29 мај 2019

Сите уживаме во добра масажа. Најчесто, маслата за масажа ги гледаме во течна форма, но не и во Lush. Путерите за тело и масажа се едни од најатрактивните производи во Lush. Тие се во цврста форма, се топат од самата топлина на телото и на тој начин се нанесуваат на кожата. Полни се со путери и масла што ја прават кожата нежна и мека, а секако истите мирисаат одлично. 

Thender is the night е сензуална плочка за масажа полна со романтични есенцијални масла. Шеа путерот и мурумуру путерот се специјално измешани, за лесно да се топат на кожата. Како што плочката се затоплува и омекнува, се ослободува нежната мешавина од масло од иланг иланг, абсолут од ванила и абсолут од јасмин. 

Therapy“ - самото име говори за овој производ што ќе ве опушти и релаксира. Маслото од нероли во овој путер за тело, всушност е природен антидепресив што го подига нивото на серотонин во мозокот, а со тоа и позитивното расположние. Маслото од лаванда ве опушта, а какао путерот и шеа путерот овозможуваат лесно лизгање низ кожата. 

Soft Couer е мало срценце кое овозможува големо уживање. Мирисот на чоколадо и ванила ќе направи да се чувствувате прекрасно и да мирисате уште поубаво во текот на целиот ден. 

Hottie е плочка за масажа која го загрева местото. Идеална е за болни мускули. Полна е со масло од ѓумбир што загрева и овозможува опуштање на мускулите. Ванилата му дава дополнителен „шмек“ на овој путер. Маслото од црн бибер потикнува циркулација. Употребете ја оваа плочка кога вашите мускули се уморни и опуштете се целосно. 

Pearl“ - за сите љубители на роза и арган. Оваа совршена комбинација од мирис, ве прави сензуални и моќни. Воедно, ова е еден од најпродаваните путери во Lush. 

Shimmy shimmy е магично путерче полно со светки. Ако сакате гламурозен сјај на кожата, задолжително набавете си го овој путер и блеснете. 

Each Peach е најосвежителниот путер во Lush. Маслото од мандарина, портокал и грејпфрут ви овозможуваат лесно будење и подигање на расположението. Кожата ќе ви биде неверојатно мека, а и ќе мирисате неверојатно.

*Комерцијален текст

Објавено:
29 мај 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
976 пати