Овој кармин на Том Форд им прилега на сите жени

16 ноември 2015

Неутралните и класичните црвени нијанси се најчесто сигурниот избор на сите жени, бидејќи се верува дека тие прилегаат на сите усни и облици на лице. Но, Робин Блек, фотографка и блогерка што твори зад блогот Beauty is Boring, покажа дека и темноцрвените нијанси го имаат сличниот, ако не и подобар ефект.

Таа го одбра карминот на Том Форд, Tom Ford Lip Color Matte in Black Dahila и го тестираше на шест модели, различни по тен, боја на коса, очи, усни...

Во што е тајната? Зошто оваа нијанса добро им прилега на сите? Блек вели дека причината за тоа е балансираноста во нијансата.

-Јас на лицете гледам како на галерија, а усните се уметничко дело. Можете да изразите многу силен, цврст став и впечаток токму преку нив, оставајќи го остатокот од лицето чист – објаснува блогерката.

Како доказ за тоа што го зборува, се фотографиите што следат во продолжение:

Објавено:
16 ноември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.353 пати