Овој тренд ќе ве натера да ја обоите косата во боја на острига

27 септември 2022

Можеби звучи необично, но нијансата на сребрена боја за коса уште позната како „боја на острига" е нешто со кое е запознаен речиси секој кој во одреден момент решил да ја осветлува косата со бланш.

Станува збор за оној момент кога косата неуспешно е доведена до одредена сребрена боја која тврдоглаво се прелева во друга нијанса, најчесто во онаа на вашата природна боја на коса.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@ryu_blonde)

Но овојпат воопшто не станува збор за грешка, туку напротив, мајсторски постигната сребрена боја на коса која намерно се прелева во други нијанси со што неодоливо потсетува на бојата на остригите.

Зависно од вашата природна боја на коса, она што би го добиле е светло сребрена за руса или смеѓа основа, и сиво-кафена за кафена до црна основа. Овој тренд е одличен за секој кој сака да ја осветли бојата на коса, или пак да ја изедначи основата со седите влакна без непотребните стресови околу совршениот сребрен сјај кој тука впрочем и воопшто не е цел кон која се движиме. Сепак, доколку сакате да ја одржите нијансата која сте ја добиле, не заборавајте дека тонерите и производите за нега на косата ќе ви бидат најдобар сојузник.

Хаштагот на социјалните мрежи #oysterhair претставува одличен извор на иснпирации доколку би сакале да се обидете да ја постигнете оваа боја, но доколку ви е потребна дополнителна мотивација, во прилог ви нудиме неколку фотографии.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KASSANDRA (@shadeofstrands)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@teridonofriohair_awhs)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@ocean_navarro)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by  (@ccahair)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Matrix (@matrix)

Објавено:
27 септември 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.776 пати