Пако Рабан го менува името и лансира мејкап колекција

1 јули 2023

Францускиот моден бренд Пако Рабан, на 60 годишниот јубилеј од своето постоење, објави голема вест –го менува името и стартува своја мејкап колекција.

Отсега ќе биде именуван само како Рабан и ќе ги обедини модата и убавината во едно.

Рабан е веќе добро познат во индустријата со парфеми, па влегувањето во мејкап секторот е можеби и логичен чекор.

Првата колекција ќе понуди сенки за очи, кармини, маскари и ред други производи за беспрекорна шминка.

Ребрендирањето вклучува ново лого кое што ќе оддаде почит на основачот, кој почина годинава, и на неговото авантгардно наследство.

Типографијата ќе биде истата што ја имаше на Calandre, првиот парфем со потпис на дизајнерот, кој беше преставен во далечната 1969.

Без разлика на оваа промена, креативниот директор Џулиен Досен ќе остане на истата позиција, на која што се наоѓа веќе 10 години.

Фото: Fashionista/Paco Rabanne

Објавено:
1 јули 2023
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
382 пати