Панделка во коса – романтичните фризури може да бидат и практични

6 јули 2020

Во летниот период финиот и стилски изглед, секогаш е придружуван со потребата да се биде што попрактичен, за да се чувствуваме што поудобно во сопствената кожа во време на високи летни температури.

Во однос на облеката, тоа најчесто го решаваме со избор на лесни и пријатни парчиња изработени од природни материјали. Но, во однос на фризурата, особено ако имате подолга коса, решението е најчесто собрана коса во опавче или пунџа.

Меѓутоа, кога на овој секојдневен изглед имате потреба да му додадете дополнителен шарм и романтична естетика, тогаш само со еден детаљ може да го постигнете ефектот.

Панделката како моден додаток дизајнерите често ја модифицираат во различни варијанти, кога сакаат да постигнат романтичен ефект. Меѓу другите опции, панделката многу често се користи и како моден додаток во коса.

Така „обичното" ниско или високо кренато опавче или пунџата, како најчест избор на летни фризури, добиваат поголема автентичност.

Но, со панделка може да ја украсите и „неуредната" фризура или пак да ја прицврстите фризурата со патец на страна. Во принцип, панделка може да додадете речиси на сите верзии на атрактивни летни фризури. Па дури и ако имате кратка коса, може да врзете лента со панделка што ќе одговара на вашиот аутфит и со тоа ќе добиете комплетиран изглед.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
6 јули 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.535 пати