Парфимираните лакови за нокти го освојуваат светот

23 октомври 2013

Откако Келвин Клајн на обожавателките ширум светот им ги понуди лаковите за нокти што мирисаат на неговата позната тоалетна вода CK One, уште еден популарен бренд претстави линија парфимирани лакови.

Имено, американскиот бренд со кој често соработуваат бројни познати девојки од џет сетот, под заеднички назив Parfumerie, промовираше дури три линии лакови за нокти со парфем.

Во линиите на лакови за нокти „Fruits&Florals“, „Sweet&Spices“ и „Freshes“ се наоѓаат 16 лакови што мирисаат како заводливи парфеми, а се продаваат по цена од 5 долари.

Лакот почнува да мириса на парфем дури кога ќе се исуши, па затоа е невозможно да го помирисате шишенцето и да дознаете како мириса.

Поради таа причина, брендот подготви мали налепници со мирисите на лаковите за да го изберете оној чиј мирис најмногу ви се допаѓа.

Ние сме сигурни дека вашето момче отсега многу почесто ќе ви ги бакнува рацете!

Објавено:
23 октомври 2013
Категорија: 
Убавина