Избегнувајте премногу шминка кога патувате на одмор, тој вид на оптоварување и грижа воопшто не ви е потребен. Доколку не можете да патувате без шминка, тогаш сведете ја на минимум и во целост исклучете ја подлогата и пудрата (освен ако патувањето не трае еден час) лицето оставете го слободно, за да можете да се освежите со влажна марамче или вода.

 

Најдобро е вниманието да го насочите кон усните и да нанесете неутрален сјај кој ќе ве освежи. На очите доволно е да нанесете само маскара која ги продолжува трепките, а не онаа за волумен, токму поради моментот да не ви треба повеќе време за да ја извадите и да го спречите размачкувањето. Среќен пат!

Објавено:
7 јули 2013
Категорија: 
Убавина