Пејачката Били Ајлиш се откажа од препознатливата црна коса со зелен корен

19 март 2021

Изминатава недела на Тик Ток, фановите на Били Ајлиш шепотат дека пејачка целосно го сменила изгледот на својата коса. Според обожавателите, Били носела перика на доделувањето на Греми наградите, што според последната Инстаграм објава на ѕвездата, изгледа дека е вистина.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Препознатливата црна коса со зелен корен која стана главно обележје на миленичката на новите генерации, веќе е минато.

Пејачката го искористи својот Инстаграм да објави кратко видео, а потоа и фотгорафија на која јасно се гледа дека таа е русокоса.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Судејќи според сетот од краткото видео, таа работи на некој нов спот, а според фризурата и облеката, најверојатно ќе биде сместен во 60-те години на минатиот век.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Били Ајлиш и претходно експериментирала со својата коса, но мора да признаете дека оваа руса нијанса многу убаво и' стои.

Објавено:
19 март 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
938 пати