Пет фризури кои треба да ги избегнувате доколку имате тенка коса

19 август 2022

Различна густина, текстура и должина - секој од нас има различна коса. Овие карактеристики зависат од повеќе фактори, меѓу другото и надворешни, но главната е генетиката.

Иако долгата и густа коса според повеќето е симбол на женственост, фактот дека не секоја жена е благословена со таква. Неретко, тенката коа е подложна на почесто кршење, нема волумен и не го задржува обликот доволно долго.

Но, доколку се препознавате во овој опис и имате тенка коса, тоа не значи дека треба да се откажете од идејата за добра и атрактивна фурисура. Треба само да внимавате на тоа таа да е правилната фризура за вашиот тип на коса.

Ова се пет стилови на фризури кои стилистите препорачуваат да се избегнуваат доколку имате тенка коса.

Фризури со премногу слоеви за кои тенката коса нема сила да ги издржи

Фото: Pinterest

Фризурата на слоеви, популаризирана од Рејчел (Friends). Тенката коса го нема потребниот волумен за да го издржи овој стил

Фото: Pinterest

Долга коса со премногу кратки слоеви, позната како wolfcut. Постои ризик тенката кршлива коса да изгледа потенко и побезживотно со оваа фризура

Фото: Pinterest

Потстрижените (undercut) фризури. Доколку избричите голем дел од косата, нема да ви остане многу за останатиот дел од главата

Фото: Pinterest

Долга коса. Долгата рамна фризура не е соодветна за луѓе со тенко и кршливо влакно кое по извесно време може да направи косата да изгледа безживотно и неуредно.

Фото: Pinterest

Објавено:
19 август 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.794 пати