Пет главни причини за прерано стареење на кожата

30 јули 2013

Факторите кои допринесуваат за ваквиот изглед на кожата се:

1. Алкохол

Алкохолот ги шири крвните садови во кожата, а поради проток на крвта на површинскиот дел на кожата, лицето изгледа црвено. Со тек на времето доаѓа до оштетување на крвните садови и до трајни последици со појава на капилари и црвенила на кожата.

2. Положба на спиење

Доколку често спиете свртени странично на колковите или на стомак ќе ви се појават брчки и линии на лицето. Доколку сакате да го одбегнете овој проблем, практикувајте почесто да спиете на грб.

3. Цигари

Димот од цигарите ја оштетува кожата без разлика дали сте пушач, или сте во задимена просторија. Со текот на времето кожата станува сува поради недостаток на витаминот Ц, кој се намалува поради штетното влијание на цигарите. Никотинот придонесува за губење на сјајната и мека кожа.

4. УВ зраци

Штетните УВ зраци придонесуваат за прерано стареење на кожата, појава на брчки, пеѓи или рак на кожата. Дури и да не сте често изложени на сончевите зраци , со текот на годините ќе дојде до промена на кожата и губење на еластинот, протеин кој ја одржува еластичноста на кожата.

5. Несоница

Доколку не сте наспиени, тоа веднаш ќе се одрази на вашето лице со појава на подочници. За да ги избегнете овие проблеми потребно е да спиете од 8 до 9 часа за да изгледате убаво и да функционирате нормално

Објавено:
30 јули 2013
Категорија: 
Убавина