Пет најголеми грешки што ги прават жените додека ја стилизираат косата

5 ноември 2014

Косата е секојдневна преокупација на жените. Секое утро пред огледалото речиси и да не постои припадничка на понежниот пол што нема дилема како да ја стилизира косата. Некои ќе кажат дека должината игра пресудна улога во лесното одржување, но таа констатација е варијабилна пред се поради структурата и квалитетот на влакното. Според експертите за коса, проблемите можеби треба да се решаваат почнувајќи од сосема поинаков агол од перцепција на истите. Во продолжение ги читате петте најчести грешки што се прават од секојдневното стилизирање на косата.

-Веднаш откако ќе ја измиете косата, таа никогаш не е „подготвена“  за да се изведе било каква фризура. Тоа е така бидејќи влакното во себе содржи сè уште влага од миењето. Најдобро е пред да правите било што со неа, после миењето да ја оставите  да се стабилизира и длабински исуши. Сигурно сте забележале дека  инстантно се искршила и го зголемила волуменот по пеглањето, наместо да се постигне бараниот прав и рамен ефект. Тоа е така токму поради горенаведената причина. Еден трик кој го применуваат во фризерските салони е ладното сушење со фен.

-Не спротивставувајте му се на природниот патец. Доколку косата има заземено одредена насока од патецот, не претерувајте да фиксирате во друг правец. Оставете ја во природната позиција. Грешката може да биде и сериозна доколку претерувате со препаратите  во одвој предел. Паѓањето на косата може да биде предизвикано токму поради тоа.

-Жените со кадрава коса ретко се чешлаат. Ова е голема грешка! Стилистите за коса Ве советуваат редовно да ја чешлате косата и да ги отстраните мртвите влакна. Алибито што сами си го поставувате, дека кадравата коса тешко се чешла,  не е никакво оправдување. Одвојте време за редовно чешлање.

-Користењето на несоодветни препарати за стилизирање исто така спаѓаат меѓу сериозните грешки. Погрешниот препарат може да продуктира со пукање на врвовите и сушење на влакното. Пред  да купите било каково козметичко средство за вашата коса, добро прочитајте го упатство. Истото можеби не одговара за вашиот тип на коса и може да биде главниот причинител за Вашето незадоволство од финалниот ефект.

-Правилото да ја не ја чешлате косата додека додека е мокра не важи во целост. Не чекајте таа целосно да се исуши за да ја чешлате, бидејќи потоа потешкотијата ќе го зголеми интензитетот. Користете средства за лесно расчешлување, но нанесете ги од средина на влакното па до врвот, а не од коренот. Средството освен што ќе помогне да се исчешлате, ќе помогне и во полесно понатамошно стилизирање.

 

 

Објавено:
5 ноември 2014
Категорија: 
Убавина